Нови фотографии од Porsche 917

ОБЈАВЕНО НА:

По повод 50 годишнината од производството на првиот Porsche 917, германскиот производител објави тизер фотографии од јубилејниот концепт.

Во препознатливата црвено-бела боја како и најтрофејниот автомобил на Ле Ман и број 23, овој концепт премиерно ќе биде претставен во музејот на Porsche, а на саемот во Франкфурт ќе ја има и саемската премиера.

Техничките карактеристики на овој концепт остануваат тајна, а истите ќе бидат обелоденети во рамките на саемската премиера.

Porsche 917 Concept

Оригиналниот модел за прв пат беше воведен во 1969 година и се до 1970 година се произведени 25 примероци од првата серија, а веќе во наредната дополнителни 12 од K изведбата. За дизајнот на овој легендарен модел задолжен беше Ханс Мецгер.

Porsche 917 Concept

Овие модели од минатото располагале со 4.5 литарски и 5.0 литарски мотор со четири и пет степен мануелен менувач. Моделот 917 прерасна во вистинска легенда на Porsche по бројните награди освоени на мото натпреварувањата.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK