Нови шпиунски фотографии од новата генерација на Peugeot 308 се појавија на интернет. Истите ги објавија некои интернет сајтови каде се откриени и неколку детали.
Она што несомнено може да се види е дека новата генерација ја следи актуелната дизајнерска филозофија која е применета кај повеќето обновени модели претставени оваа и минатата година.
Она што магазинот го потврдува е дека ќе има и комбинирана верзија со 1,6 литарски бензински мотор и еден електромотор, а при тоа не се познати останатите технички карактеристики.
Во продажба новата генерација треба да се појави во првиот квартал следната година, а кон крајот на следната година и целосната електрична верзија.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]