Нови фотографии од новиот кросовер на Geely

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот кинески производител Geely порано годинава потврди дека премиерата на моделот KX11 ќе се одржи во април, во рамките на саемот за автомобили во Шангај. Сега, во пресрет на премиерата, на интернет се појавија нови фотографии од серискиот модел.

Од овие фотографии може да се утврди дека овој модел е инспириран од дизајнерскиот јазик применет кај неколку модели на Volvo, а тоа е сосема очекувано бидејќи истиот се базира на CMA (Compact Modular Architecture) платформата која е развиена заедно со Volvo.

Она што е познато е дека ова возила е со должина од 4.700 мм, ширина 1.895 мм, висина 1.689 мм и меѓуоскино растојание од 2.845 мм. При тоа, во понудата ќе биде достапно и со верзија со три реда седишта.

Во производство овој модел ќе се појави кон крајот на годинава, а ќе се продава и надвор од Кина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK