Нови детали за бегството на Гон – му помогнале Турци

ОБЈАВЕНО НА:

Бегството на Карлос Гон од Јапонија добива холивудски размери. Неколку денови по бегството на површина излегуваат нови детали за тоа како успеала оваа невозможна мисија.

Она што го откриваат јапонските медиуми е дека тој ја напуштил својата куќа во Токио, каде бил во домашен притвор сосема сам. Ова е утврдено по прегледување на снимките од камерите кои беа поставени од јапонскиот суд.

Телевизиската станица NTV пишува дека потоа Гон го користел јавниот превоз. Најпрво со метро пристигнал на Шин-Осака станицата од каде со такси пристигнал во хотел во близина на аеродромот Кансаи.

Гон на овој аеродром не ја поминал пасошката контрола, а потоа со турскиот авио оператор MNG најпрво се упатил кон Турција од каде потоа се упатил во Либан каде и во моментов се наоѓа. За таа цел, тој има директна помош од вработени во овој авио оператор. Прв осомничен е менаџерот Окан Косемен, а турските власти веќе уапсија пет лица кои се осомничени за директна помош, пренесуваат турските медиуми.

Истрагата иницирана од јапонските власти, а во соработка со останатите земји ќе продолжат и во наредниот период.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK