Новата Volga – спој на елеганција, луксуз и руска техника

ОБЈАВЕНО НА:

Иако во поранешна Југославија моделот GAZ-3102, попознат како Волга, не беше популарен сепак истиот беше особено привлечен. Популарноста ја доживеа во СССР, Бугарија, Романија и останатите земји од некогашниот источен блок.

Производството на овoј модел стартуваше во 1982 година, а во 2010 година во фабриката Горки во близина на Нижни Новгород беше произведе последниот примерок.

Иако се уште нема официјални информации дека овој модел повторно ќе влезе во производство, рускиот сајт Kolesa.ru, објави рендер од изгледот на Волга на новиот век.

Модерната Волга претставува спој на луксуз, елеганција и руска технологија, стои во текстот објавен на сајтот. Класичниот лимузински изглед, долгото меѓусокино растојание, издолжената хауба, хромираните детали и LED светлата се дел од екстериерниот дизајн на овој рендер.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK