Новата VISION генерација на Kia – Повеќе опрема, повеќе уживање, помалку главоболка

ОБЈАВЕНО НА:

Корејските брендови се познати по тоа што имаат малку нивоа на опременост, барем на број, но богати според бројот на додатоци што во секој пакет го има. Така секој купувач ќе има малку главоболка околу опремата бидејќи секогаш и во стандардното има речиси и повеќе од потребното.

Продолжувајќи ја таа традиција, сега Киа Моторс Македонија понуди новата VISION генерација на веќе познатите модели Rio и Stonic со збогатено ниво на опрема. И повторно, повеќе опрема, помалку главоболка за максимално уживање. Квалитетот е неспорен – останува седум годишната гаранција.

Моделите кои пристигнаа во салоните се генерациски 2020 година и во својата класа се надградени во внатрешноста и надворешноста.

Градскиот кросовер во Б сегмент, Kia Stonic во EX Vision нивото на опрема доаѓа со збогатеност во надворешноста, односно во понудата се вклучени LED дневни и задни светла, ретровизори со LED трепкачи и електрично склопување, како и 15” тркала од лесна легура.

Кај моделот Kia Rio во нивото на опрема Ex Vision надополнувањето во внатрешноста е потпирачот за рака на централната конзола со кутија, а во надворешноста доаѓа со LED дневни светла, ретровизори со LED трепкачи и електронско склопување.

Киа Моторс Македонија продолжува да биде навистина интересен и привлечен автомобилски бренд кој одговара на барањата по сечиј вкус. Со освежувањето на моделите Rio и Stonic, не само што добиja нов надворешен лик, се збогатија и во внатрешноста, а сето тоа ги прави уште попривлечни и поконкурентни на македонскиот пазар.

Нивната цена изнесува 11.290 евра за Rio, односно 13.490 евра за Stonic Vision.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK