Може да пристигне во 2027 година и се вели дека ќе има мотори на внатрешно согорување со четири цилиндри, како и cо хибридна комбинација, a и дека во целост ќе биде развиенa од Toyota...
Toyota ги поставува темелите за следната генерација на Supra. Со оглед на тоа што сегашниот модел треба да се повлече во 2025 година, јапонскиот производител на автомобили веќе напорно работи на својот наследник, кој ќе има сосема поинаква градежна филозофија и мотор.
Не, Supra нема да биде електричен – барем не на краток рок – но може засекогаш да го напушти шестцилиндарскиот мотор. Во Јапонија, всушност, се вели дека новата Toyota ќе биде хибридна со мотор на внатрешно согирување со четири цилиндри, како и негов хибридна комбинација со електромотр.
Според јапонски извори, следниот мотор би можел да биде со работен волумен од 2,0-литри, бензинец, целосно развиен од Toyota и компатибилен со синтетички горива.
Неелектрифицираниот основен модел би требало да генерира 400 КС, додека хибридните верзии (останува да се види дали Mild) би можеле да надминат 430 КС.
Дури се зборува и за моќност од речиси 600 КС за хипотетичка врвна тркачка варијанта. Најверојатно ќе пристигне со погонот на задните тркала, што ќе биде задржан од актуелниот модел.
Покрај тоа во компанијата се развиваат осум или десет степени автоматски менувачи на брзини. Најважно од се, сепак, новата Toyota Supra ќе биде целосно „Made in Toyota“ односно домашен продукт на реномираниот јапонски производител на автомобили. Проектот целосно ќе го следи брендот, а тоа пак значи дека ќе се прекине соработката со баварскиот производител на премиум автомобили BMW.
Според тоа, дизајнот и внатрешноста ќе имаат многу поинаков изглед од сегашниот модел, кој дели бројни компоненти (и мотори) со актуелниот модел BMW Z4.