Новата Skoda Scala e нов „петкаш“ за безбедност во Euro NCAP

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот модел на Skoda Scala доби највисокa оценка од пет ѕвездички во тестот направен од страна на независната Европска програма за проценка на нови автомобили (Euro NCAP). Ова ја става Scala меѓу најбезбедните возила во својата категорија, со највисоки оценки за заштита на возрасни патници и велосипедисти.

Покрај вкупниот рејтинг со пет ѕвездички, Skoda Scala постигна особено висок резултат во Euro NCAP тестот за проценка на безбедноста на патниците и безбедноста на велосипедистите.
Во категоријата за заштита на возрасните возрасни, модерниот компактен модел добил резултат од 97 проценти од сите можни поени. Ова е една од највисоките оценки во историјата на Euro NCAP тестирањата.

Тестерите доделија полни шест поени за заштита на велосипедистите, како одраз на позитивниот ефект на Front Assist со функцијата за предвидување на пешаците и велосипедистите и функцијата за итно сопирање во град. Lane Assist е уште една функција вклучена во стандардната опрема за Skoda Scala, додека Side Assist, која ги предупредува возачите на возила што се приближуваат одзади или на слепа точка на автомобилот, е опционална карактеристика што резултира со резултат од 3,5 од максимум четири поени за овој аспект.

Екстремно тврдото тело на Skoda Scala со своите големи зони на деформација и исклучително робусна ќелија за патници обезбедува супериорна пасивна безбедност, абсорбирајќи речиси 70 проценти од ударот на ултра-цврстите специјално зајакнети челници. Покрај тоа, компактниот модел има до девет воздушни перничиња, вклучувајќи и опционално воздушно перниче за колена и опционални странични воздушни перничиња во задниот дел.

Дополнителни безбедносни карактеристики вклучуваат повеќекратна сопирачка, опционалниот систем за заштита – Crew Protect, како и ISOFIX и top-tether приклучоците на клупата на задното седиште и на совозачкото седиште за заштита на најмладите патници.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK