Новата Skoda Octavia Scout ја очекува светската премиера (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Skoda ја распространи првата информација за новата генерација на многуфункционалната и со офроуд акцент Octavia Scout, а воедно и објави дека светската премиера на автомобилот ќе се одржи на почетокот на следниот месец.

Новата Skoda Octavia Scout, која ќе биде достапна само за комби модификацијата на новата Octavia и при појавата на пазарот ќе се нуди и во верзија со преден погон, доаѓа со предност од 15 мм во однос на растојанието од патот.

Со должина од 4.703 мм и ширина од 1.829 мм, новата Skoda Octavia Scout нуди повеќе внатрешен простор и функционалност од својот претходник, а самото товарно одделение, кое е најголемо во сегментот е зголемено со 30 литри до импресивни 640 литри.

Со можност за порачка на LED Matrix предни светла, новата Octavia Scout добива нова и најмоќна воисторијата на моделот верзија на дволитарскиот TDI дизел мотор, кој е во состојба да понуди максимална моќност од 200 коњски сили и максимален вртежен момент од 400 Нм.

Octavia Scout ќе се нуди исто така со дволитарски TDI мотор со моќност од 115 коњски сили, 1.5 TSI со 150 коњски сили, 1.5 TSI e-TEC (благ хибрид), 2.0 TSI со 190 коњски сили и 2.0 TDI со 150 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK