Во моментов се уште се работи на развојот, а новата генерација на Seat Ibiza се очекува да се појави во јавноста на саемот во Женева на пролет 2017. Неколку месеци подоцна би требало да почне и официјалната продажба на моделот.
Тестирањата на возилото се под камуфлиран дизајн, но она што може да се забележи е дека е слична на поголемиот модел Leon.
Се очекува во внатрешноста да има повеќе простор, и тоа благодарение на користењето на MQB A Zero архитектурата, што би требало да биде прилагодена за идните верзии на моделите на Volkswagen Polo и Skoda Fabia.
Некои од моторите што ќе бидат користени ќе бидат вградувани и во некои идни возила, и ќе ги вклучуваат најновите четирицилиндрични турбо бензински и дизелски моторои од VW групацијата, заедно со 1,0 литарскиот три цилиндричен мотор.
Seat е подготвен и за правење на кросовер базиран на ова градско возило. Ќе биде со името Arona, како што објави производителот пред некој месец, и ќе користи доста делови од новата генерација на Polo SUV и ќе им конкурира на субкомпактите како што се Nissan Juke и Peugeot 2008.