Новата Mercedes S-Klаssе ќе имa предни воздушни перничиња и за патниците одзади

ОБЈАВЕНО НА:

Следната генерација на Mеrсеdеs-Bеnz S-Klаssе ќе добие нов тип на фронтални воздушни перничиња, кои ќе ги заштитат патниците на задните седишта. Компанијата од Германија не открива детали за технологијата, но судејќи според единствената објавена фотографија, воздушното перниче очигледно ќе биде таму.

Новото воздушно перниче ќе работи заедно со страничните воздушни перничиња. Засега не е познато како новиот систем ќе биде адаптиран за детските столчиња.

Следната S-Klаssе ќе располага со нова технологија за заштита на патниците при удар одзади на неподвижниот автомобил.

Системот ќе може да ги преземе своите превентивни мерки, да се намали силата на судирот работејќи во врска со системот за активна контрола на положбата на автомобилот кој ја контролица цврстината и позицијата на секое тркало одделно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK