сабота, 25 декември, 2025 година

Новата реалност: Рестрикции за возилата – повеќе простор за велосипедите и пешаците

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Коронавирусот смени многу работи во нашиот секојдневен живот. Смени и во начините на функционирање на многу институции, министерства, општини, јавни претпријатија како и сите останати бизниси.

Дел од овие промени ќе бидат новата реалност, долгорочна. Некои земји веќе прават анализи и стратегии, а се чини прв таков европски град е Даблин.

- Advertisement -

Главниот град на Ирска донесе среднорочни мерки во поглед на транспортот во градот. Така на сила стапи планот според кој на бројни делови од градот има воведено рестрикции за возилата како и јавниот автобуски превоз. Оваа мерка не е краткорочна односно ќе трае цела година, со голема веројатност за продолжување.

Дополнително, за да се обезбеди мобилност на граѓаните и да се поттикне алтернативниот начин, градските власти ги проширија велосипедските патеки, ги дислоцираа препреките, а веќе се прават планови и за изградба на нови велосипедски и пешачки патеки.

Градската администрација очекува употребата на возила да се намали за 30%, а јавниот автобуски превоз дури за 80%, пред се поради барањата за социјална дистанца.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја