Новата Mercedes A-Class со технологија од S-Class и плаг-ин хибрид

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes продолжува со тестирањето на новата генерација на A-class што според некои извори ќе има и полуавтономна технологија на управување превземена од освежената S-class. Возилото ќе ги користи системите за држење во својата линија и адаптивнио ткруз контрол (lane keep assist и adaptive cruise control) за да може возилото да забрзува, сопира и да управува само до одредена брзина, исто како што тоа го може и нивниот најсилен модел, потврдува Брита Сигер, шефот за продажба во изјава за Autocar.

В година би требало новата A-Class да се појави во продажба, и покрај повеќето различни бензински и дизелски мотори, ќе понуди и хибридна плаг-ин верзија. Се очекува да може само на струја да вози околу 48 км., и тоа е дел од намерата на компанијата за електрификација на гамата во иднина, заедно со целосно електричниот модел.

Треба да има и нова AMG A45 за која се верува дека ќе има мотор со сила од 400 КС. Сѐ уште е рано да се зборуба за дизајнот, но новата Mercedes A-Class би требало да биде инспирирана од Concept A sedan, во некои делови, а во внатрешноста се очекуваат нови материјали и како и новиот инфо-забавен систем што сега го има во повисоките класи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK