Новата Mercedes C класа премиерно на 23 февруари

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатата година ја претстави обновената Е класа и новата генерација на S класата, Mercedes-Benz ја најави првата премиера за оваа година. Станува збор за новата генерација на C класа чиј развој се спроведуваше под фабричката означа W206.

Премиерата на новата C класа, ќе се случи на 23 февруари, а ќе биде он-лајн и достапна за целата јавност преку YouTube каналот на германскиот производител.

“Со новата C класа, Mercedes-Benz се пробива во поефикасниот и уште подигиталниот свет, создаваќи сеопфатна зона на удобност која ги комбинира спротивностите како спортскиот карактер и удобноста со ефикасноста, емоциите и интелигенцијата и на тој начин го дефинира современиот луксуз” стои во соопштението на производителот по повод најавата на премиерата.

Според официјалните информации објавени претходно, ова ќе биде првата серија која е во целост електрификувана. Нарачките, германскиот прозивдоител ќе може да ги прима од 30 март годинава, а првите испораки ќе се случат два месеци подоцна, во јуни.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK