Следната генерација на Mazda3 ќе се појави следната година и ќе биде направена на новата платформа Skyactive II. Вистинската новина во моделот ќе биде бензинскиот мотор SkyActiv-X со компресивно палење без свеќи, механички компресор Roots и вертикално монтиран ладилник.
Револуцуионерниот мотор нема да биде лишен од свеќи. Само-палењето од компресија на дизел ќе се врши само во некои работни режими.
Агрегатот од 2.0-литри ќе развива околу 190 коњски сили и ќе биде комбиниран со шестстепен рачен менувач или хидро-механички автоматски менувач со шест брзини.
Новата „тројка“ на Mazda ќе порасне во големина и ќе добие едноставна полунезависна задна суспензија. Според јапонските инженери тоа не само што е поевтино и полесно туку и прави помалку шум.