Новата Lada Niva нема да биде руска

ОБЈАВЕНО НА:

Смената на генерациите на култната Lada Niva следува во годините коишто доаѓаат, а главното се очекува да се случи во 2021 година. Сепак, повеќе ова возило нема да биде исклучиво руско бидејќи платформата на која што ќе се изработува ќе биде од странски производител.

Како што се вели во моментов, за платформа на новата Niva најверојатно ќе се користи таканаречената Global Access, на која во моментов се прават Logan, Duster и Kaptur. Не е исклучено да се користи и модернизираната база од новата Dacia Duster.

Новата Lada 4×4, која е позната и како Niva нема да располага и со руски мотори и менувачи. За основен мотор е избран 1,6 литарскиот HR16 на Nissan, додека системоит 4х4  ќе биде позајмен од Duster.

Како капак на целата работа, Lada Niva ќе се произведува во фабриката на Renault во Бразил

Следете не и на:

24AUTO NETWORK