Теренците на Lаdа наскоро повторно ќе се нудат во Европа. Во фејсбук групата Lаdа in Еurоpа Сlub беа објавени фотографии на камион (за транспорт на автомобили) како превезува автомобили Nivа Trаvеl и Nivа Lеgеnd. Судејќи според коментарите во јавноста, џипови се наменати за продажба во Германија.
Според „Руската газета“ сите џипови се опремени со мотори Еurо-6. Покрај ова сите автомобили Lаdа ја поминале европската хомологација. AвтoВAЗ престана да доставува нови автомобили за Европската унија уште во 2019 година. После тоа постепено беше распродадена престанатата количина од руски автомобили во Европа.
Компанијата го зеде тоа решение поради новите еколошки стандарди. Пред ова повеќето патнички автомобили од Русија беа доставени во балтичките земји, во Германија и во Чешка. Последниот руски автомобил, внесен во Европа, беше Lаdа 4×4 (VАZ-2121 Nivа).
Овој автомобил беше особено популарен во Германија и Австрија. На пример еден од сопствениците на таков СУВ беше помалиот брат на Михаел Шумахер, и поранешен пилот на Формула 1, Ралф Шумахер. Тој купи Lаdа 4×4 во текот на пролетта минатата година, за патувањата и транспортирање на вина.
Според Европската асоцијација на автомобилските производители (АСЕА) во 2020 година во земјите од Европската унија се продадени само 2.075 автомобили Lаdа. Според аналитичарите оаа бројка е за 58,3% помалку во споредба со 2019 година. Тогаш на европскиот пазар беа продадени 4.981 автомобил руско производство.