Новата италијанска Giulietta доаѓа од Франција

ОБЈАВЕНО НА:

Актуелната, една и единствена генерација на моделот Giulietta дебитираше во 2010 година, а додека сите очекуваа претставување на нова генерација, италијанскиот производител минатата година го најави крајот на производството.

Сепак спојувањето на FCA со PSA кое е во завршна фаза повторно би можело да ја оживее оваа моделска изведба. Како што пишуваат француските медиуми, новата Giulietta во целост ќе произлезе од лабораторијата на PSA Групацијата.

Истата ќе се темели на EMP платформата која во моментов се користи кај неколку модели на Peugeot, a во новата генерација PSA гледа на вистински конкурент за зголемување на уделот во C сегментот.

2021 Alfa Romeo Giulietta Rendered With Tonale Styling, Won't Actually Happen - autoevolution

Дизајнот треба да биде комбинација на Alfa Romeo Giulia, во однос на предниот дел и Alfa Romeo Tonale во поглед на задниот дел.

Новата генерација треба да биде објавена кон крајот на следната година, а некои медиуми наведуваат дека цената на основната верзија ќе биде далеку повисока од сегашната и ќе почнува над 20 илјади евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK