Новата Honda Accord доаѓа на 14 јули – ова е првиот тизер

ОБЈАВЕНО НА:

Новата, 10-та генерација на Honda Accord ќе ја има светската премиера на 14 јули во Детроит. Според Honda ова ќе биде најзабавниот Accord за возење досега и драматично уреден досега.

На почетокот на месецоt компанијата објави дека новиот Accord ќе се нуди си три силни и ефикасни мотори, два од нив со турбо со директно вшприцување и заедно со новоразвиениот 10-степен автоматски менувач на Honda, или CVT или шест степен мануелен менувач. Новата Honda Accord истовремено ќе доаѓа и со новата генерација на хибридна технологија.

Засега објавена е една тизер фотографија која го открива изгледот на предниот дел на Accord, со новите ЛЕД светла и најновата предн арешетка на Honda.

Повеќе информации за моделот ќе бидат објавени на самиот настан во јули.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK