Новата генерација на Toyota Aygo доаѓа и во електрична изведба

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Aygo, јапонска Тoyota со години го развиваше и произведуваше заедно со Citroen и Peugeot во фабриката во Колин каде се произведуваа и моделите C1 и 108.

Уште од пред некој месец беше постигнат договор помеѓу Toyota Motor и PSA според кој од 1 јануари 2021 година Toyota ќе стане целосен сопственик на фабриката во овој чешки град чиј годишен капацитет изнесува 300 илјади автомобили.

Оттука, директорот на Toyota Europe изјави дека новата генерација ќе биде самостојно развиена поради што мотивацијата за освојување на пазарниот сегмент е поголема од било кога.

Така според плановите, третата генерација на Aygo ќе биде достапна и во електрична изведба со што ќе конкурира на електричните VW Up, Skoda Citigo, Seat Mii и најавениот Fiat 500.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK