Новата Fiesta доаѓа на 29 ноември

ОБЈАВЕНО НА:

За две седмици, на 29 ноември ќе биде претставена новата генерација на Ford Fiesta. Презентацијата ќе се случи во фабриката во Келн, Германија, со што ќе се одбележи и 40 годишнината на овој модел.

Во моментов има многу папарацо фотографи на возилото додека истото се тестира, и се уште е маскирано. Според поранешните информации, новиот модел треба да биде подолг и поширок од сегашната Fiesta, со по пространа внатрешност и значително поквалитетни материјали.

Новата Fiesta ќе биде сериозне предизвикувач на renault Clio, Opel Corsa и Volkswagen Polo во Европа, и на Chevy Spark и Kia Rio и Nissan Note во Северна Америка. Новиот модел на Fiesta ќе порасне во димензии и ќе го покаже последниот дизајнерски правец на компанијата заедно со новиот driver assist систем и другата технологија.

Моделот ќе биде направен на Global B платформата на Ford a ќе добие и трицилиндрични мотори, вклучувајќи го и 1,0 литарски ecoBoost бензински мотор. Во понудата ќе биде и дизелскиот 1,5 TDCi, како и шестстепен Powershift менувач со двојно квачило. За оние со спортски манири ќе биде понудена Fiesta ST, но без детали околу моторите.

За време на настанот во Келн, Ford ќе објави и детали за нивната Smart Mobillity стратегија, технологијата за штедење гориво и ќе претстави и нови комерцијални возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK