Новата Fiat Panda ќе биде со револуционерен дизајн

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Panda е модел со најголем стаж во понудата на Fiat. Таму се наоѓа уште од 1980 година, а интересно е тоа што во овие 40 години претставени се само три генерации.

Специјализираните сајтови за автомобилизам од Италија објавија информации според кои новата, четврта генерација од овој модел ќе пристигне кон крајот на 2022 година.

При тоа се споменува револуционерен дизајн кој својата инспирација ја црпи од концептот Centoventi претставен минатата година. Овој концепт при тоа доби бројни награди за својот дизајн.

Секако, новата генерација доаѓа и со целосна електрична верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK