Новата Astra доаѓа во 2021 година со PHEV погон

ОБЈАВЕНО НА:

Новата Opel (Vauxhall) Astra ќе пристигне во текот на 2021 година, пренесува Caradisiac, повикувајќи се на сигурни извори од PSA Групацијата.

Astra L како што ќе биде официјалниот назив, ќе се темели на EMP2 платформата, развиена од страна на PSA Групацијата, а која се користи кај Opel Grandland X како и Citroen C5 Aircross, Peugeot 508, Opel Combo E, DS 7 Crossback, Peugeot 3008 како и кај уште неколку модели од PSA Групацијата.

Astra покрај тоа што ќе биде за прв пат развиена на платформа од PSA Групацијата, исто така е дел и од стратегијата на оваа мултинационална компанија за електрификација на своите автомобили. Така Astra L ќе добие PHEV погон, а изворот, без да прецизира околу техничките карактеристики на овој погон, наведува дека премиерата на оваа изведба исто така ќе биде одржана во текот на 2021 година кога ќе се одржи премиерата и на основната изведба.

Во однос на основните мотори, овој модел ќе ги има во целост развиените од PSA мотори. Се шпекулира дека новитет на постоечката понуда на мотори ќе биде бензинскиот мотор со 81 kW односно 108 КС како и уште еден бензински мотор со 162 kW односно 217 КС. Во понудата на оваа генерација ќе се наоѓаат и дизел мотори кои ќе продуцираат од 99 КС до 177 КС.

Image result for opel astra evolution

Актуелниот модел во понудата на Opel е петта генерација на Astra. Првата генерација која ја носи додавката F е лансирана во 1991 година и од тогаш во континуитет е незаменлив дел од понудата на германскиот производител, а заедно до моделот Corsa се најпродаваните автомобили на Opel во последните две децении.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK