Способноста на автомобилот да продира низ воздухот без при тоа да се соочува со голем отпор е клучно кога е во прашање економичноста во поглед на потрошувачката на гориво. Ова на никого не му оди подобро како што тоа е случај со А класата на Mercedes.
Компактниот седан кој својата премиера ја имаше на овогодинешниот саем за автомобили во Пекинг има т.н. коефициент на влечење од 0.22 Cd. Според германскиот производител овој перформанс е најдобар од кој било автомобил кој денес може да се најде во сериско производство.
Претходно, приматот на најаеродинамичен автомобил го држеше повторно Mercedes и тоа CLA моделот чиј перформанс изнесуваше 0.23 Cd. Овој епитет овој модел може да го поврати веќе следната година кога се очекува да се појави редизајнираната изведба. Но за сега, А класата останува на врвот.
Инаку помеѓу најаеродинамичните автомобили се наоѓаат Toyota Auris, Ford Mondeo, VW Golf, Subaru BRZ, Toyota GT86. BMW серија 3, Mazda 3, Mazda 6 и др.