Нова услуга на интернет, патувајте без куфери во странство

ОБЈАВЕНО НА:

Oд неодамна во Јапонија можете да патувате каде сакате без притоа да го влечете со себе куферот со вашите работи. Како да го направите тоа? Сосема логично прашање на ваков податок. Тоа е сосема едноставно бидејќи во Јапонија заживеа web страница која на патниците им овозможува изнајмување на облека, техника и други потребни работи од локалните жители.

Locarry е активиран годинава, а за него е заслужен Шимпеи Ватанабе, на кого ваквата идеја му дојде во текот на негото патување во Кина минатата година.

„Со себе земав голем куфер место рачен багаж бидејќи морав да ја земам облека за секој ден и униформа за работа. Сепак, кога на аеродромот ме дочека мојот пријател ми рече дека тоа не сум морал да го правам бидејќи едноставно можев да позајмам од него“, вели Ватанабе.

Со оглед на успехот на другите онлајн страници за наем (иако во неговиот случај не се работи за недвижности), како што се AirBnb и Home Exchange, Ватанабе заклучил дека во денешниот дигитален свет и Locarry има добри шанси за успех. Едноставно, туристите нема да мора да влечат со себе премногу облека, а домашните ионака можат им да позајмат работи кои во тој момент не им се потребни.

Работите кои се појавуваат за наем со текот на времето растат и стануваат сè побројни, па така сега можете да патувате и да изнајмувате маици, јакни, сакоа, фустани, шешири, очила за сонце, кимона, куфери, чанти, облека за работа… Тука е и спортската понуда, па таму ве чекаат голф палки, тениски рекети, шатори…

Процесот е многу едноставен. Сопственикот става попис на работи кои е подготвен да ги изнајми, а оној на кого му требаат се јавува, се договара сопственикот за примопредавање и враќање на сопственикот, извршува плаќање и тоа е тоа. Секако, и оние кои позајмуваат секој пат се оценети бидејќи се очекува работите да ги вратите во состојбата во која и сте ги позајмиле. posudili.

Во меѓувреме, концептот од Јапонија се прошири и на други земји, па така Loccary сега е присутен и во SAD, Австралија, Канада, Сингапур, Тајланд…

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK