Нова технологија ги прави автомобилите попаметни и побезбедни за патување (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Tехнологијата базирана на 5G, која би можела да ги направи автомобилите попаметни, а патувањето посигурно би можела да стигне на улиците веќе до 2022 година. Автомобилите кои управуваат сами со себе веќе може да видат и да размислуваат, но новата технологија која наскоро тргнува на 5G мрежите ветува дека ќе им даде уште една понапредна вештина, а тоа можноста да разговараат едни со други.

„C-V2X“ е комуникациска технологија која користи исти 5G мрежи како и течефоните, а тоа ќе им овозможи на возилата безжично да комуницираат едни со други, како и со семафорите и со другата опрема на патот, подобрувајќи ја и функционалноста и безбедноста. Автомобилите нема само да ја емитуваат својата локација, брзина и правец, што гоправат и сега со помош на 4G мрежата. Тие ќе можат и да се договараат и за редоследот за поминување низ раскрсницата или при спојување на патишта што е дигитален еквивалент за контакт на луѓето-возачите кои се гледаат еден со друг.

„Разговарајќи“ со семафорите, автомобилот ќе може да ја адаптира својата брзина на движење со зеленото светло. Возилата на тој начин би можеле да се договорат за повеќе да се најдат во еден интервал на зелено светло со што би се зголемила и заштедата на гориво. Оваа технологија на почетокот би требало да им помогне на возачите на конвенционални автомобили на пример при предупредување на ризик од судир или од замрзнат пат.

Паметните автомобили кои сами со себе би управувале ќе можат и сами да одлучат што да прават. Место да „кренат раце“ и да ја предадат контролата на човекот или само да застанат доколку воочат проблем. „C-V2X“ е подготвен да го надмине две децении стариот систем наречен „Dedicated Short-Range Communications“ (DSRC) кој е успешен само делумно. „V2X“ значи дека возилата комуницираат со сите: возила со возила (V2V), возила со инфраструктура (V2I) или возила со пешаци (V2P). „C“ значи дека комуникацијата се одвива на истата технологија на мобилната мрежа која ја користат телефоните.

Во „5GAA“ конзорциумот кој го поддржува „C-V2X“ сега има 120 членови меѓу кои се Audi, BMW, Daimler, Ford Motor, GM, Honda, Hуundai, Nisсan, Volkswagen i Volvo, a покрај нив се и технологшките компании  Intel, Samsung и Qualcomm, потоа Bosh и други компании за авто електрика, произведувачи на мрежна опрема вклучувајќи ги и Nokiа и Eriksson, провајдерите AT&T, T-Mobile, VerIzon i Vodafone.

„C-V2X“ веќе работи на сегашната 4G мрежа, но до средианта на 2020 година мрежата 5G ќе овозможи порадиклани способости. Исто така 5G ќе може да пренесува повеже податоци од 4G со што ќе им овозможи на автомобилите да разменуваат податоци со своите сензори, како што се влезови со видео камера и радар.

Популарноста на 5G би можела да им помогне на производителите на автомобили да „проголтаат“ по 200 до 300 долари колку ќе чини додавање на мрежен хардвер во автомобилите. Заговорниците на „C-V2X“ допрва треба да ги уверат властите во неговата предност и официјално да го добијат делот на фрекенциски опсег за тоа.

Федерелната комисија на САД за комуникации ги разгледува ставовите за тоа, а регулаорите на Европската унија во јули сигнализираа дека се заинтересирани за развој на „C-V2X“, а некои кинески градови веќе работат на тоа, па Кина би можела прва да воведе „C-V2X“. Во тоа ќе помогне технологијата 5G за телефони кои ќе се прошират низ милијарди телефони и илјадници пристапни точки на мобилната мрежа, а автоиндустријата ќе може да ја искористи таа ширина и сила.

Ford веќе најави дека во 2022 година неговите возила ќе добијат „C-V2X“ бидејќи заклучи дека „C-V2X“ е побрз, подоверлив и поевтин од други технологии. „C-V2X“ дури би можел на градовите да им овозможи да ги елиминираат семафорите. Воедно „C-V2X“со сензорите на автомобилите ќе им додаде повеќе корисни податоци за семафорите, работите на патот и возилата за итни случаи кои на автомобилот кој управува сам со себе можат да му пратат налог да се тргне на страна кога ќе наиде противпожарно возило или итна помош.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK