Нова стратегија на Олимпиа Моторс: Премиум сервис за секој клиент

ОБЈАВЕНО НА:

Во ситуација кога пазарот на нови автомобили во Македонија полека заздравува од кризата што го зафати, секој дилер или дистрибутер изнаоѓа нов начин да биде блиску до своите клиенти. Новата стратегија на Олимпиа Моторс е да понуди сервисни услуги со премиум квалитет.
Целта е да се надминат сите бариери со кои се соочуваат клиентите денес кога треба да го сервисираат својот автомобил – особено делот на доверба и транспарентност во работењето.

Олимпиа Моторс постои 33 години а почетоците се токму поврзани со сервисни услуги, па сега повторно се враќаат на почетоците. Но, мисијата е поинаква. Секој може да продава автомобили, но малкумина знаат да понудат квалитетна сервисна подршка. Токму тоа сака Олимпиа Моторс да им го даде на клиентите.

„Анализата ни покажа дека досегашното време инвестирано во продажба, е многу паметно и корисно, комплетно да го насочиме во сервисното работење со цел нудење на поквалитетна услуга и безбедни возила на највисоко ниво. Токму затоа нашата посветеност кон клиентите преку 70% во продажба и 30% во понатамошна грижа, го менуваме на 30% во продажба и 70% во нега на возилата на нашите клиенти, вели Светлана Пљакоска, сопственикот на Олимпиа Моторс.

Ваквата одлука е донесена бидејќи најголемите стравувања кај клиентите се токму од сервисот и дали тој ќе биде доволно добар и со добра квалитет.
Една од карактеристиките на Олимпиа Моторс Опел Сервисот е 100% транспарентност и следење на поправките на возилата од страна на клиентите преку видео надзор кој со логирање од страна на клиентите имаат пристап до live streaming во сервисот. Дополнително покрај воведувањето на 100% увид во сервисната историја на возилата, а која доста од клиентите кои се Opel корисници не ја знаат, се воведуваат и нови унапредени услуги.

Тоа подраабира и експрес сервис со унифицирани цени и закажување на термин веднаш, смарт поправки или мали каросериски флеки и поправки за сите типови возила, 24/7 Олимпиа моторс кол центар за сите клиенти со прашања, настанати дефекти или прашања по основ на несреќен случај, бесплатен превоз до работа за нашите клиенти од сервис и други.

Од Олимпиа Моторс најавија и многу нови планови за 2017 година. Заменско возило за сите поправки во каросерија, формирање на премиум клуб за лојалност на нашите клиенти и партнери со бенефиции при користењето на нашите сервис услуги, креирање на пријателски круг со осигурителни компании и креирање на полесен процес за процена на штета, како и креирање на канал за комуникација преку кој ќе бидат пренесувани корисни совети за нега на возилата на клиентите се само дел од новитетите кои Олимпиа Моторс Опел сервисот ќе ги овозможи.

Со инвестициите направени во 2016 година, Олимпиа Моторс го зголеми капацитетот од + 30% и досега отвориле 2 нови работни места.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK