Нова смена во фабриката во Дрезден: Golf и кога е на струја се продава одлично (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Фабриката во Дрезден, каде што се произведуваат новите возила од марката Голф, работи под полна пареа, а челниците на компанијата беа приморани да вклучат дополнителна смена за да можат да ја задоволат побарувачката. Новите возила на електричен погон се многу барани на пазарот, па тоа е најава и за зголемено производство уште на стартот на 2018 година.

Дневното производство ќе стане двојно поголемо и тоа од 35 на 70 возила, односно месечно од 1050 планирани, ќе достигне до зголемување на 2100 е-Golf возила. Овој раст ќе биде постепен, а ќе почне да се применува од март.

Новиот Е-Golf е опремен со батерија од 35,8 kWh која му овозможува на автомобилот да помине околу 200 километри што е значително повеќе од претходната верија која имаше моќност за 135 километри. Токму овој дел со зголемувањето на километражата е и причината поради која е-Golf се бара многу повеќе од порано.

Се споменува дека до крајот на 2018 година ќе биде добиена уште посилна батерија и тоа од 43,2 kWh.

https://www.youtube.com/watch?v=NWXjiKVlUMg

Следете не и на:

24AUTO NETWORK