Нова шема во Cadillac: Нема веќе алфанумерички ознаки на автомобилите (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилите произвeдени во САД во последните 30-тина години речиси и не се продаваат во Европа. Веројатно исклучок по ова прашање е Jeep, но со доаѓањето на нови потполно електрични модели со вистински имиња можат да ги променат работите.

Тоа дека Европа произведува одлични автомобили никој не го спори, но постојат барем уште неколку значајни земји кои се исклучително добри во автомобилската индустрија, ако не и подобри како Јапонија, САД или Јужна Кореја. Благодарение на огромното влијание на филмската индустрија од САД, а Европјаните американските автомобили во добар дел од 20. век им беа многу интересни почнувајќи од моделот Ford T од 1908 година.

Многу ќе се присетат и на легендарниот модел Chevrolet Corvette Convertible од 1960 година или Cadillaca Eldorada од 1964 година. Многу познавачи на автомобилите исто така без размислување можат да набројат три најголеми американски производители како: General Motors, Ford Motor или Chrysler. Многумина веднаш ќе ви речат дека General Motors или скратено GM е сопственик на најлуксузниот бренд: Cadillac.

А Cadillac објави дека ќе заврши со политиката на именување на својот модел за многу љубители на автомобили со безличните алфанумерички ознаки и ќе прејде на вистински зборови бидејќи ќе ја електрифицира својата линија во текот на следната деценија.

GM го користи Cadillac кога размислува за електрифицирањето на своите модели, кои вклучуваат 20 потполно нови електрични глобални возила до 2023 година. До 2030 година поголемиот дел, ако не и сите продадени возила Cadillac ќе бидат електрични.

Во краток рок брендот планира да го претставу SUV Escalade од следната генерација, а тоа ќе биде на почетокто на февруари, а во 2020 година ќе почне и продажбата., Возилото на крајот ќе добие Super Cruise hands-free систем како помош за возачот.

Johan de Nysschen го воведе Cadillac во актуелната шема за именување од моделот CT4 до моделот CT6 за лимузини и XT4 до XT6 за кросовери во 2014 година иако на легендарниот СУВ Escalade му беше дозволен исклучок од алфанумерички ознаки. Брендот настојуваше да им парира на германските конкуренти кога се одачеку од своето богато наследство со доделување на имиња на своите модели во раните години на овој век пуштајќи називи на моделите како Seville, DeVille и Eldorado во корист на комбинациите на букви како CTS, DTS i SRX.

Луксузниот бренд Ford Motor, брендот Lincoln, исто така се вратија на користње на имиња претворајќи ги ознаките MKX во Nautilus и MKC во Corsair.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK