Компанијата Michelin досега имаше концепциска разработка, која се развиваше десет години, а станува збор за гумите Michelin Tweel. Можеби тоа име не зборува ништо, но добро е да се знае дека станува збор за гуми кои не користат компресиран воздух.
Францускиот гигант за производство на гуми е подготвен да го пушти овој револузионерен модел и веќе е направена подготовка за нејзино производство од одделението Michelin Tweel Technologies и истите би требало да бидат користени од возилата од типот UTV во размер од 26 цола.
Со овие гуми нема да има проблеми околу пукање на истите или со паѓање на притисокот на воздухот во неа. Едноставно во нема нема воздух и притисок, па на тој начин ќе нема проблеми. Таа претставува интегриран систем од гумена шара и пластичен раб и лесно се дефорира при преминување на пречките и потоа се враќа во вообичаената форма. На тој начин се зголемува и можноста за оф-роуд возење.
Сепак, возилата кои ќе користат вакви гуми не можат да се надеваат на големи брзини бидејќи со нив ќе може да се достигне максимална брзина од 60 км/ч.
https://www.youtube.com/watch?v=6NnFIqHeV54