Северноамерикански оддел на Porsche објави дека од ноември годинава започнува новата програма Porsche Passport која им овозможува на корисниците да ги менуваат автомобилот буквално секојдневно. Во зависност од цената што ќе ја платат ќе имаат и различен избор на возила што ќе може да ги користат.
Porsche Passport е програма за месечна претплата која им овозможува на корисниците да одберат каков автомобил сакаат или мораат да користат. Им се нудат две различни нивоа на претплата.
Со помош на мобилна апликација и за 2.000 долари месечно (план Launch), корисникот има можност да избира меѓу осум актуелни предлози од портфолиото на Porsche, вклучувајќи 718 Boxster, Cayman S, Macan S, Cayenne и други.
Поскапата варијанта Accelerate, е со месечна претплата од 3.000 американски долари, и дава пристап до вкупно 22 различни модели и модификации, како 911 Carrera S, Panamera 4S, Macan GTS, Cayenne S E-Hybrid и други.
Во цената на претплата се вклучени осигурување, услуга, даноци за автомобили, а единствената тешка задача за клиентот е да избере кој автомобил сака да го вози утре.