Љубителите на модерните SUV возила сега имаат одлична причина за радост. Достапна во продажниот салон на Гранд Ауто, новата Ford Kuga доаѓа со атрактивна понуда која комбинира врвни перформанси, напредна технологија и елегантен дизајн, сè тоа по цена од само 27.900 евра.
Со импресивни 184 коњски сили и автоматски менувач, Ford Kuga со TITANIUM ниво на опрема и 1.5 EcoBoost мотор нуди динамично и удобно возачко искуство, идеално како за градско возење, така и за подолги патувања. Напредниот погон и прецизната контрола овозможуваат сигурност и стабилност во сите услови.
Од дополнителни погодности добивате:
✔️ 5 години гаранција или 150.000 изминати километри со 24 часа помош на пат низ цела Европа
✔️ 17″ Titanium алуминиумски фелни
✔️ Амбиентално осветлување за поголема удобност при долги патувања
Овој модел се издвојува и со својот современ дизајн, пространа внатрешност и најнови технологии за безбедност и поврзување. Возачите ќе уживаат во интелигентни системи за асистенција, како и во удобноста што ја нуди внимателно дизајнираниот ентериер.
Понудата од 27.900 евра ја прави Ford Kuga еден од најконкурентните SUV модели на пазарот во својата класа, обезбедувајќи одличен сооднос помеѓу цена и квалитет.
Сите заинтересирани можат да го посетат изложбениот салон на Гранд Ауто на бул. Босна и Херцеговина бр.1, Скопје и да закажат тест возење, за лично да се уверат во перформансите и квалитетот на новата Ford Kuga.
За повеќе информации, проверете на https://ford.mk/
Соопштение на Гранд Ауто









