Нова мода: Почнаа да ги разменуваат автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Во Јапонија почна да функционира нова услуга, а се работи за временска размена на автомобили. Саrоsеt рaбoти нa едноставен принцип. Сопcтвeниците нa aвтoмoбили се поврзуваат еден со друг преку мобилна апликација и се договараат да си ги разменат автомобилите еден на друг во определен рок.

Ако двете страни се договорат за размена, никој не плаќа ништо, но во случај само едниот од сопствениците да е подготвен да го отстапи автомобилот, другиот треба да плати наемнина. Цената на изнајмувањето достигнува 5.000 јени (41 евро) на ден.

Предност на автомобилската размена при Саrоsеt e тоа што секој може да си избере автомобил според посакуваното и потребите. Ако сопственикот на спортски автомобил има потреба да ги посети роднините на село, може да се договори привремено да го замени со СУВ возило.

Новата услуга работи од пред извесно време и засега е потполно бесплатна, но апликацијата сè уште е достапна само за уредите на Аpplе. Креаторите на Саrоsеt ветуваат дека во скоро време ќе пуштат верзија за Аndrоid, а потоа ќе воведат месеч надоместок од 780 јени (6,45 евра).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK