Нова мода: Крадат ретровизори од скапи автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Во последните неколку месеци сè повеќе луксузни автомобили остануваат без високотехнолошки огледала. Ова го соопштуваат медиумите од Њујорк, а според полицијата од овој град само од почетокот на март до 26 април на Менхетен се регистрирани 19 слични кражби.

Крадците претпочитаат автомобили од брендовите Audi, Porsche, Mercedes-Benz, Lexus и BMW, бидејќи нивните ретровизори можат да се продадат на црниот пазар за суми меѓу 1.500 и 2.000 долари. Високата цена се објаснува со вградени камери, кои се дел од системите за безбедност.

Минатата година американското Национално биро за кривични дела за осигурување објави вистинска епидемија на кражби на воздушни перничиња низ целата земја. Најчесто беа кредени од моделите Honda и Acura, чии воздушни перничиња чинат меѓу 2.000 и 2.500 долари со монтажа.

Среќа кај нас се уште се крадат само раткапни од тркалата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK