Нова истрага за Renault околу можно мамење со емисијата на штетни гасови

ОБЈАВЕНО НА:

Француски Renault демантира дека мамеле со емисијата на штетни гасови откако медиумите објавија деокументи кои тоа го тврдат.

Компанијата Renault се соочува со ново испитување околу мамење со емисијата на штетни гасови на своите модели, откако француски весник објави дека во возилата на овој бренд бил вграден софтвер што им овозможувал да не ги покажуваат точните податоци во споредба со оние направени во лабораториски услови. Според весникот Libeation два модели на Renault испуштале 300 пати повеќе отколку во реални услови. станува збор за моделите Captur и Mk4 Clio.

Renault ги демантираше ваквите пишувања велејќи дека станува збор за неизбалансирано пишување на весникот, kомпанијата нема да ја коментира актуелната истрага, писмото било со доверлива содржина и Renault сѐ уште нема пристап до случајот. Затоа Renault неможе да ја потврди ниту коментира содржината и веродостојноста на пишувањето на весникот.

Веднаш по објавувањето на веста во весникот, акциите на Renault паднале за 3,7 отсто. По избивањето на скандалот со VW, Француската влада изврши тестирање на 100 различни возила што се продаваат на нивниот пазар, од што 25 биле француски, и тоа според застапеноста во продажбата. Иако првично беше соопштено дека немало девијација во однос на софтвер што мамел, било потврдено дека ЦО2 и азотните оксиди кај некои возила на Renault и на други производители биле над дозволените граници.
Во јануари 2016 година имаше инспекција во просториите на Рenault, и потоа беше потврдено дека биле земени некои работи на дел од вработените како лап топ и други работи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK