Нова бомба на повидок: VW спрема понуда за Fiat Chrysler

ОБЈАВЕНО НА:

Откако PSA групацијата стана втор најголем автомобилски производител во Европа со купувањето на Opel, следниот чекор што се очекува е можна понуда од страна на Volkswagen за купување на Fiat Chrysler, тврди Серџо Маркионе, Главниот Извршен директор на италијанскиот производител.

„Не се сомневам дека во догледно време VW може да покаже интерес и да разговара, за спојување, изјави Маркионе за време на саемот во Женева. Инаку Маркионе планира во 2019 година да замине во пензија.

Сега откако PSA е втора во Европа, претставува опасност за VW, па се очекува во иднина да има и други спојувања и купувања на други брендови. Така ем ќе се окрупни капиталот, а и ќе се намалат трошоците за развој, па и производство на возилата.

Сега следува период на консолидација на авто индустријата. Пред спојувањето на PSA и Opel беше и преминот на Mitshubishi Motors кај француски Nissan лани.
Во моментов VW се опоравува од скандалот со мамаење со емисијата на штетни гасови, но и покрај тоа белеши пораст во продажбата и остварениот профит.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK