Нов Запорожец на продажба за 30.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Колекционерите на советски автомобили имаат идеална шанса да купат ZAZ-968 со само 6 километри поминати за 30 илјади евра.

Популарниот Запорожец, како што е познат овој автомобил е произведен во 1987 година, но е со фабрички 6 километри. Овој автомобил на продажба е ставен на интернет сајтот AutoScout24, а истиот се продава во Германија за 30 илјади евра што е еднакво на пример како и нова BMW серија 3.

Според наведените информации на интернет сајтот, овој автомобил има оригинална каросерија како и мотор, а за прв пат е регистриран во Полска во 1995 година односно 8 години по производството. Заклучно јули минатата година, овој автомобил стоел во гаражата на сопственикот по што истиот овој автомобил е ремонтиран. При тоа сменети се само оние делови што самото време ги “изедило” додека пак каросеријата и моторот воопшто не се чепнати.

Интересно е што овој автомобил претходно се продавал за 60 илјади евра, но не бил пронајден ниту еден заинтересиран купувач. Останува да се види дали со двојно пониската цена ќе се најде купувач за оваа советска легенда.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK