Пратениците во Собранието на Србија треба да гласаат за нов Закон за безбедност во сообраќајот според кој сите возила постари од 15 години ќе треба по двапати годишно да одат на технички преглед. Просечната старост на возниот парк во Србија е 16 години.
Според сообраќајната полиција на Србија, безбедноста е една од најважните алки во целата безбедност во сообраќајот. Досегашните анализи покажале дека техничките прегледи не биле на високо ниво, а со новиот Закон ќе се отворат услови да се примени новиот систем за технички преглед
Моментните цени за технички преглед за возила од Б категорија се меѓу 800 и 2.400 динари (1 евро е 122 динари).