Нов заклучок од истражување: Електромобилите не се „почисти“ од дизелите?!

ОБЈАВЕНО НА:

Се повеќе земји сметаат дека моторите со внатрешно согорување треба да се забранат за продажба, и најавите се дека некаде тоа ќе се оствари во следните 10-15 години. Електричните возила се иднината, и тие се поеколошки? Така е барем трендот. Но, дали е тоа навистина така. Дали навистина дизелите не се еколошки мотори и загадуваат повеќе од електричните?

Со потрошувачка од 17,6 kWh/100 км (батериите од Kина, исталација од Европа), рамнотежата на СО2 кај електричното возило се постигнува дури после 300.000 километри во однос на дизел автомобилот (гориво В7, потрошувачка 4,5 литри/100 км). Ова е заклучокот на Здружението на германските инженери, кое ги собира стручњаците за електромобилност, но и стручњаците за мотори со внатрешно согорување.

Ова здружение спроведе обемно истражување на емисијата на јаглерод диоксид во производствениот просец и експлоатација на електричните автомобили (потрошувачка на енергија, губитоци при полнење) и возила со дизел мотори.

Најголемиот проблем кај електричните автомобили е тоа што батериите се произведуваат во Кина, а таа држава електричната енергија за работа на фабриките главно ја добива од термоелектрани на јаглен кои емитуваат огромна количина на СО2 во атмосферата. Електричните автомобили 60 проценти од емисијата на СО2 веќе ја „емитуваат“ во атмосферата во текот на производството односно пред да излезат на патиштата.

Здружението на германските инженери заклучлува дека производството на батерии мора да се огранизира во Европа, која има многу поповелен енергетски микс од Кина. Еден од правците на развој, покрај електричните возила, би бил и развојот на синтетички горива со кои би се откажале штетните емисии.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK