Нов удар за VW – Илинојс е 19. држава во САД што ги тужи

ОБЈАВЕНО НА:

Властите во Илинојс, сојузната држава во САД покренаа тужба против Volkswagen во врска со дизелгејт, со што е 19. држава што го тужи германскиот концерн.

Со поднесената тужба се бараат граѓански казни за прекршување на државните закони за заштита на човековат аоколина. Во Илинојс биле продадени околу 29.800 возила од групацијата Volkswagen со спорниот систем за контрола на издувните гасови.

Во прес соопштението во врска со тужбата се вели дека „Volkswagen промовира дека неговите возила се еколошки чисти, но всушност го загадуваат воздухот и нашата заедница со прекршување на државни и сојузни закони“.

Со тужбата се бара по 50.000 долари казна за секој прекршен закон, и дополнителни 10.000 долари за секој ден кога било прекршувањето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK