Нов спортски автомобил на Renault што ќе ги предизвика Alfa Romeo и Porsche 718

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот спортски автомобил на Renault што треба да се појави ќе го носи името Alpine A110, со што сакаат да го оживеат повторно брендот со давање на име на купе што победи во рели првенството во 70-те години од минатиот век. Но, истиот бренд беше прекинат да се произведува во 1995 година поради слабата продажба.

Renault се надева дека А110 ќе биде конкуренција на Audi TT, Porsche 718 Cayman и Alfa Romeo 4C. Делови од новиот спортист изгледаат исто како и Vision Concept што дебитираше лани, а некои делови што се искористени ја покажуваат и финалната верзија на моделот.

Моделот има целосна алуминиумска платформа и горниот дел од каросеријата. Истиот ќе биде промовиран на 7 март на саемот на автомобили во Женева.

Главните спецификации на моделот ќе бидат познати при промоцијата, но се очекува истиот да забрзува до 100 км/ч за 4,5 секунди, и да има 1.8 литарски мотор со 250 КС.

Renault планира да произведе 3.000 возила во фабриката во Франција, а прогнозите се во 2018 година да бидат продадени 1.300 возила.

Француската компанија уште лани почна да прима нарачки со депозит од 2.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK