Нов скандал: Производители мамеле на Euro NCAP тестирања!

ОБЈАВЕНО НА:

Независната европска организација за оценка на безбедноста на возилото Euro NCAP и британскиот истражувачки центар Thatcham Research објавија дека наместо „обични возила“ што се продаваат во салоните тие при правењето на тестирањата наишле на специјално подготвени делови во тестните возила што се обезбедени од голем број производители.

Натписи “Само за краш тестови” и “Само за Euro NCAP” се пронајдени на воздушните перничиња и ISOFIX системите за врзување на деца, пишува Auto Express.

Двете организации не споменуваат конкретни брендови што тоа го правеле, но тврдат дека секој случај внимателно се испитува. Една од компаниите во чии возила биле пронајдени сомнителните знаци, објасниле дека ознаките биле поставени од одделот за безбедност за да може полесно да се идентификува деталот. Ова било неопходно за да се избегне забуна и да не се задржува производството.

 

Според Метју Ејвери од Thatcham Research, 99 % од случаите имале разумно објаснување за натписите. Сепак, тој признава дека ниту неговиот институт ниту Euro NCAP немаат пристап до сите делови од дизајнот на автомобилот, а некои „трикови“ на производители можaт да останат незабележани од специјалистите.

Охрабрувачка вест е дека во последните неколку години бројот на означени делови значително се намалил, и ако порано таквите сомнителни наоди биле масовен феномен, сега експертите за безбедност на такви наидуваат само еднаш или двапати годишно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK