Нов шок за автономноста: Tesla усмрти човек на пешачки (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Автономните возила се почесто се дел од сообраќајни несреќи иако за некои од нив не е точно докажани дека токму тоа е причината на несреќата. Во некои има и смртоносни последици. Еден таков случај доаѓа од САД и во „главна улога“ е возило на Tesla.

Трагедијата што се случи во Сан Франциско уште еднаш го покрена прашањето за корисноста на автопилотите на електричните возила Tesla. Во овој случај, се уште е нејасно дали Tesla работи на автоматски пилот или е управуван од возачот, но автомобилот минува на црвено на семафор и удира млад пар.

Жената се обидува да го спаси сопругот, но за жал тој не успева да преживее. Бен Дин умира на пат кон болницата, неговата сопруга Кели преживува за чудо, но сѐ уште е во критична состојба. Видеото што го објави ABC беше направено од автомобил на Uber. Возачот на Tesla била 21-годишниот Келси Кембриџ, која била уапсена.

Понекогаш зелено светло не значи така безгрижно да минуваш улица. Сепак треба да погледнеш лево и десно пред да стапнеш на асфалтот и да се увериш дека некој „фраер“ не се брза и не планира да застане.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK