Нов режим: Од петок до понеделеник нема возење во Дебар Маало!

ОБЈАВЕНО НА:

Центарот на градот особено Дебар маало е преполно со кафулиња, ресторани и гостилници и токму во овој дел од Скопје постојано има мешаница, не само од луѓе туку и од возила. Општина Центар планира да го намали бројот на возила што ќе се движат во овој дел од градот.

Според новиот проект што се прави во Дебар Маало ќе биде забрането движењето во перид од петок попладне до понеделеник наутро.

„Подготвуваме проект за сообраќаен режим со кој сакаме да ја решиме оваа ситуација. За жал, изминативе години, овде воопшто не е менуван сообраќајниот режим. Движењето на возилата ќе биде забрането од петок од 18 часот, до 6 часот наутро во понеделник. Ова нема да важи само за возилата на околните станари, односно за резидентните возила – изјави Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Центар за весникот „Вечер“.

Освен во Дебар Маало, во план е на ваков начин да се обезбедат и Парк, па и другите населби. Иако во овој дел од градот постои зонско паркирање, и покрај зголемувањето на цената воодредени делови сепак постои проблем со паркинг места, и многумина се соочуваат со недостаток на места за паркирање.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK