Минатата година на големо се промовираше идејата за враќање во производство на Giardiniera изведбата на моделот 500 која се произведуваше во периодот од 1960 до 1968 година.
Овие шпекулации беа подгреани и по изјавата на официјалните лица на FCA за прекин на производствоот на моделот 500L во Крагујевац.
Во меѓувреме се појавуваа најразлични рендери, а последниот во низа е објавен на Фејсбук страната на overboost.br.
Дали овој модел ќе влезе во производство или не останува да се види во првата половина следната година кога ќе се очекува носењето на новата стратегија на Stelantis.