За само шест часа, вчера во периодот од 10 до 16 часот биле издадени 665 глоби на возачи во сообраќај поради различни прекршоци. Констатирани се 145 прекршоци кај возачи кои управувале возила со брзина поголема од пропишаната и 82 прекршоци кај возачи кои непрописно престигнувале.
Нов рекорд е што за шест часа од 22 часот на 8 ноември до 04 часот на 9 ноември биле извршени проверки во сообраќајот и притоа, кај 214 возачи утврдено е присуство на алкохол и сите биле исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани, а на 193 од нив им биле одземени возачките дозволи.
Најмногу возачи кои управувале возила под дејство на алкохол биле откриени на територијата на СВР Скопје – 46, СВР Битола – 31, СВР Струмица – 27, на подрачјето на СВР Куманово – 26, на СВР Тетово – 20, на СВР Велес – 19, СВР Штип – 17, СВР Охрид – 12, а 16 биле откриени од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.