По освојувањето на Франција и Ница, познатиот македонски проект „Од Стојаково до Ница со Рено 4„ сега тргнува во нова авантура – ќе се обиде да стигне до Кина и до Пекинг.
Рутата ќе биде 23.000 км. и на патот од Стојаково до Пекинг ќе се вози низ Србија, Унгарија, Украина, Русија, Монголија и Кина. Се прават последните подготовки, по што тимот ќе објави кога точно ќе тргне во оваа авантура.
Првично беше планирано да се замине на пат до Индија, и таа идеја долго време постоеше, но поради безбедносни причини од истата мораа нашите сограѓани да се откажат.
Нивната авантура можете да ја следите на ФБ адресата.