Нов план за Alfa Romeo: MiTo оди во историјата, се враќаат GTV и 8C

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот пет годишен стратешки план на FCA донесува неколку новини кога е во прашање Alfa Romeo.

На големо задоволство на вљубениците на Alfa Romeo, со новиот стратешки план и официјално е потврдено враќањето на легендарната GTV која со новата 8C ќе се позиционираат на местото на 4C.

Овие два модели ќе бидат најмоќните во понудата на италијанскиот бренд со мотори кој ќе продуцираат над 700 КС, а до 100ка ќе забрзуваат за помалку од три секунди.

Во наредниот период, а според неофицијалните информации веќе следната година, Alfa Romeo ќе ја претстави и новата генерација на Giulietta која требада ја следи новата дизајнерска филозофија на Alfa Romeo применета кај Giulia и Stelvio. Токму и овие два последни модели ќе добијат освежени верзии, но истото најверојатно би се случило во 2021 година. За прв пат, Alfa Romeo ќе дебитира и во E сегментот, а ќе го напушти B сегментот каде во моментот е присутна со MiTo.

Согласно предвидувањата и очекувањата на новиот пет годишен стратешки план, FCA се надева дека до 2022 година пазарното учество на Alfa Romeo ќе се зголеми за нешто над 23% што е помалку амбициозно од претходниот стратешки план кога FCA очекуваше заклучно 2018 година годишната продажба да изнесува 500 илјади автомобили.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK