Најголемиот јужнокорејски автопроизводител Hyundai Motor Group на неодамнешниот состанок помеѓу високи претставници на овој гигант и на јужнокорејската влада соопшти дека во наредниот период ќе инвестира речиси 22 милијарди американски долари.
Оваа проектирана инвестиција е дел од новиот пет годишен стретешки план. Оваа инвестиција ќе биде насочена кон проширување на нови деловни подрачја и инвестиции во роботика, паметна технологија, електрификација на автомобилите, автономни автомобили и start-up претпријатија во рамките на оваа групација. Парите подеднакво ќе бидат насочени и во Hyundai и вo Kia како и Genesis и Mobis.
“Глобалните трендови брзо се менуваат. Активно инвестираме во нови технологии и вработуваме сѐ повеќе талентирани луѓе” изјави на потпретседателот на Hyundai, Чунг Ои Сун по состанокот со владините претставници.
Hyundai Motor Group планира до 2022 година да има голем удел на пазарот во поглед на автономните и електричните автомобили, а со ова и трендот на зголемувањето на продажбата, овој производител прераснува во значаен играч во авто индустријата на светско ниво.