Нов мотор за Renault Megane

ОБЈАВЕНО НА:

Renault ja прошири понудата на мотори кај моделот Megane Hatchback и Mеgane Estate, додавајќи нова бензинска верзија која на возачот му овозможува да ужива со помош на максимална моќност од 165 КС. Новата модификација на Megane Hatchback и Mеgane Estate е опремена со 1.6 литарски Energy TCe 165 мотор кој е во комбинација со седумстепена роботизирана менувачка кутија.

Новиот бензински мотор Energy TCe 165 за Megane Hatchback и Mеgane Estate е развиен врз основа на моторот TCe 205, кој е монтиран кај верзијата Mеgane GT, дело на инженерите од спортскиот оддел на Renault Sport. Со максимална моќност од 165 коњски сили и максимален вртежен момент од 250 Нм, достапен од 2500 в/мин, агрегатот троши само 6 литри гориво.

За дополнително задоволство зад воланот, Energy TCe 165 е комбиниран со EDC роботизирана менувачка кутија која нуди работа во четири главни режима- Eco, Comfort, Neutral и Sport.

Цени (во Франција)
Mégane Hatchback INTENS Energy TCe 165 EDC……. €29,100
• Mégane Hatchback AKAJU Energy TCe 165 EDC……. €30,900
• Mégane Estate INTENS Energy TCe 165 EDC …… €30,000

Следете не и на:

24AUTO NETWORK